Што се случува со вашето тело кога ќе ги оставите цигарите: Од 20 минути до 15 години

ко конечно сте се решиле да ја осетите убавината на животот без цигари и полни пепелници, сигурно ве интересира што се случува со вашето тело кога се обидува да се навикне на новите околности.
Еве што се случува со организмот по престанокот на пушење цигари:
20 минути – крвниот притисок и пулсот се намалуваат, а температурата на рацете и нозете се зголемуваат, до нормална граница;


8 часа – останатиот никотин во крвотокот опаѓа на 6,25% нормални дневни највисоки вредности, што значи намалување од 93,25%;
12 часа – нивото на јаглерод моноксид опаѓа, а нивото на кислород во крвта е на нормално ниво;
24 часа – анксиозноста е на врвот, но во рок од две недели ќе се врати на нивото – пред одвикнување од пушење. Ризикот од неочекуван срцев удар се намалува;
48 часа – краевите на нервните влакна почнуваат да се регенерираат, почнуваат да се подобруваат и сетилата за мирис и вкус;


2 до 3 недели – се подобрува циркулацијата, движењата се пријатни и лесни, дури и функцијата на белите дробови се подобрува за 30%;
9 месеци – општата енергија се подобрува, а симптомите како кашлање, замор, затнат нос и останување без воздух – исчезнуваат. Се намалува секрецијата на слуз, се чистат дишните патишта и се намалува можноста за инфекција;
Една година – ризикот од коронарна болест е намален за половина, во однос на некој што сè уште пуши цигари;
5 години – веројатноста за умирање од карцином на белите дробови се намалува за 50%;
10 години – веројатноста за умирање од карцином на белите дробови е иста како за непушачите, преканцерогените клетки се заменети со нормални, се намалува ризикот од мозочен удар, како и ризик од рак на уста, грло, хранопровод, желудник, бубрези и панкреас;
15 години – ризикот од коронарни болести на срцето, сега е на исто ниво како кај луѓето кои што никогаш не пушеле цигари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.