Рекорден број на апсења за дрога на подрачјето на Скопје за едно деноноќие. Во полицискискиот билтен се регистрирани дури 10 случаи во кои полицијата апсеше лица со дрога, меѓу нив и малолетници.
– Денеска (11.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
– Денеска (11.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– Денеска (11.10.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 10.10.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
– На 10.10.2024 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и нож.
– На 10.10.2024 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(21) од Република Грција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 10.10.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.С.(34) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
– На 10.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.М.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 10.10.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
– На 10.10.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле П.К.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.