Сите знаеме за штетата што ја предизвикуваат пијалаците кои повеќето од нас ги консумираат секој ден. Што се случува ако целосно ги замениме овие пијалаци со вода? Крис Бејли, познат блогер и предавач, одговара на ова прашање.
Телесна тежина: Ако пиеме вода само 10 дена брзо ќе изгубиме од тежината, бидејќи ќе стопиме толку многу калории како да трчаме 8 км секој ден.
Забрзување на метаболизмот и протокот на енергија: Само една чаша вода наутро го забрзува метаболизмот за 24 %. Што ќе се случи со нашето тело ако пиеме вода цел ден!
Мозокот работи подобро: Околу 75 до 85 % од човечкиот мозок е составен од вода. Со пиење вода секој ден, не само што што му даваме гориво на мозокот, туку и ја подобруваме концентрацијата.
Јадете помалку: Водата го потиснува апетитот, помагајќи ни да одржуваме добра форма и да се бориме со екстра килограмите.
Ги чистиме токсините: Водата “го чисти“ дигестивниот систем, кој ни помага да се ослободиме од големиот број отрови што се акумулирани во телото.
Се бори со разни болести: Водата го регулира крвниот притисок, се грижи за добра состојба на мочниот меур, го спречува ракот на дебелото црево.
Срцето работи подобро: Четири чаши вода дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за дури 41 %.
Кожата е помлада: Водата ја хидрира кожата одвнатре, што ја прави почиста, мека, помлада…
Ние штедиме пари: Водата понекогаш е поевтина од секој друг пијалак што го консумираме секој ден.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.