Што треба да поседува жената за да заведе маж?

Како што жените биологијата ги тера да “свиваат гнезда”, така мажите ги тера да се врзат за жената и на тој начин да создадат потомци. Тоа значи дека мажите ги привлекуваат жени кои згледаат плодно, односно постојат општи карактеристики кои мажите ги сметаат за најпривлечни кај една жена. А тоа би биле:
– Долга и сјајна коса. Кратката коса можеби е модерна, но со неа потсвесно испраќате порака дека не сте заинтересирани за секс.

– Чиста кожа. Розовите образи и беспрекорниот тен привлекуваат погледи.

– Фит фигура. Значењето на зборот фит варира, што значи дека не мора жената да биде слаба, туку да има добар сооднос на градите, половината и колковите.

– Црвени и розови усни – Како старееме бојата на усните се менува, а црвените усни потсетуваат на младост и плодност.

– Бели заби – Здравите заби асоцираат на здрав организам, затоа не штедете на средства за избелување на заби.

Иако мажите најчесто нема да признаат дека ги привекуваат големи гради, или долга коса, затоа постојат научните студии. Тоа значи дека ако сакате да заведете маж, престанете да трошите на крпчиња и торби, и започнете парите да ги трошите во фитнес центар и кај дерматолог. На тој начин освен во убавиот изглед, инвестирате и во својата иднина.

Повеќе текстови на оваа и слични теми

прочитајте на ПУЛС24 тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.