Ако сакате да создадете навистина здрава заедница, вашиот брачен партнер треба да биде подготвен маестрално да одигра одредени улоги во вашиот живот, на пример овие 5 наведени во текстот.
Најдобар пријател
Секоја жена сака мажот да ѝ биде најдобар пријател, да се смее со него, да му плаче на рамо, да ја разбира во сè. Кога е болна да ја негува и да се грижи за неа.
Животен сопатник и учител
Жената го доживува мажот како партнер и очекува од него да е подготвен на предизвиците кои животот ги носи. На него сака да му се обрати кога ѝ е најтешко и кога ѝ е потребна поддршка. Од него очекува да го сподели неговото знаење со неа, да ѝ укаже на други гледишта во животот за заедно да ја согледаат целата слика.
Психолог
Тој треба да биде подготвен да ве сослуша и да ви помогне да ги изнесете емоциите. Треба да биде покрај вас и да ви даде добар совет. Исто така, треба да биде подготвен да го остави сопственото его на страна и да ве послуша што имате да кажете.
Принц од бајките
Животот не е бајка, но вашиот маж понекогаш може да биде принц и да не се срами да биде романтичен кога е во прашање неговата животна избраничка.
Верен обожавател
Тој треба да верува во вас и да ве поддржува. Со таков човек може сè да постигнете.