Што треба да содржи ЗДРАВИОТ ПОЈАДОК? Најдобрите намирници за почеток на денот

Појадокот е најважниот оброк кој ни дава енергија да го започнеме денот. Правилниот избор на храна за појадок ќе го подобри вашето здравје и вашата енергија.

Што ќе појадувате може да изберете од следните 6 производи:

Јајцето е еден од најголемите извори на протеини, витамин Б12, витамин Д и селен. Најдобро е да се конзумира варено. Омлетот исто така содржи одредено количество на протеини, антиоксиданси и амино-киселини.

Јаболкото е одлична замена за храна, едно јаболко може да ве засити и да го намали апетитот. Изобилува со витамин Ц, калиум, растителни влакна и големи количини на антиоксиданси.

Јогуртот е прекрасен избор за почеток на денот. Го зајакнува имунитетот, ја одржува рамнотежата на цревната флора, ги прави поздрави непцата, ги уништува бактериите на забите и го уништува непријатниот здив.

Боровинките се богати со растителни влакна, антиоксиданси, фитонутритиенти и вода. Имаат антиканцерогено својство, помагаат за ублажување на оштетувањата на помнењето.

Кафето кое содржи кофеин го намалува ризикот од депресија, помага за намалување на телесната тежина и го задоволува организмот со потребното количество на кофеин.

Овесната каша го намалува холестеролот, го намалува ризикот од срцеви заболувања и што е многу важно подолго време држи ситост. Изобилува со растителни влакна и антиоксиданси.

Правилно комбинирајте го својот појадок и започнете го денот здраво!

Пронајдете не на следниве мрежи: