Постојано сте под стрес, што од работа што од дома. А, кој не е? Се чувствувате изморени, омалаксани, безвољни. Што и да помислите да направите како да ви недостасува енегрија. Но, со кого и да разговарате ви вели дека се чувствува слично, па не одите на лекар. Тогаш барем, за почеток, променете нешто во исхраната. Наместо свинско извесен период консумирајте говедско и пилешко месо, бадеми и овесни снегулки. Ќе ви ја повратат енергијата. Од зеленчук јадете повеќе спанаќ во комбинација со неколку варени јајца неделно. А, ако до сега не сте го правеле тоа, не сега, секогаш е време да започнете да избегнувате мрсна и брза храна. Подобро од амбургер е било што што ќе зготвите дома, па макар било и обична салата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.