Што ќе направи мачката ако „намириса“ дека сте болни или имате температура?

Дали сте забележале дека мачките се обично мирни и тивки? Работата е во тоа што тие се во трајно медитативна состојба. Бидејќи мозокот на мачката е во постојана смиреност, ова животно може да ja „намириса“ болеста кај својот сопственик.
Што ќе направи мачката ако „намириса“ дека сте болни или имате температура?
Нашето тело постојано се менува. Дишеме, крвта ни минува низ вените, а во организмот постојано се лачат хормони. Ако се наруши нормалното функционирање на телото, се ослободува супстанција што мачката ја забележува веднаш. Поради тоа, се верува дека мачките чувствуваат присуство на болест кај своите сопственици.
Сопствениците на мачки веројатно ќе речат дека тоа е невозможно затоа што мачките не реагираат дури ни кога ќе бидат повикани, а камоли нешто друго. Но, мора да знаете дека мачките не се кучиња и прават што сакаат.
Ако имате грип или настинка, мачката ќе биде секогаш покрај вас. Веројатно ќе помислите дека вашето домашно милениче се грижи за вас и ви ја покажува својата љубов, но мачката едноставно ја користи вашата топлина.
Постојат луѓе кои тврдат дека мачките им помогнале да откријат рак. Во моментов, нема истражување што би го потврдило тоа, но има приказни за луѓе кои тврдат дека имале такви искуства.
Без разлика дали верувате во овие приказни или не, верувајте дека мачките се многу интелигентни животни и никој не може да го негира тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.