Што ќе се случи ако обратно ги внесете бројките од пинот на банкомат?

Дури 95% од луѓето не ги знаат овие информации, а можат, буквално да ви го спасат животот. Имено, ако некогаш крадец или некој друг ве присили да подигнете пари од банкомат, внесете го вашиот пин обратно.
Значи, ако вашиот пин е 1254, вие внесете 4521. Банкоматот ќе ви ги извади парите, но тоа автоматски ќе го препознае како повик за помош и ќе ја алармира полицијата,без знаење на крадецот.
Оваа опција постои на сите банкомати, но многу луѓе не го знаат тоа.
НИКАКО НЕ ЗЕМАЈТЕ ИЗВОД ОД СМЕТКАТА НА БАНКОМАТ – ЕВЕ И ЗОШТО
Банкоматите би можеле да го загрозат здравјето на оние кои често ги користат.


Дејли Мејл пренесе истражување кое покажува дека лицата кои на банкомат земаат хартија на која се прикажува извод од сметката и ја држат подолго од два часа без нараквици, во урината имаат зголемен Бисфенол А.
А кај лицата кои имале нараквици, нивото на оваа хемикалија останало исто.
Претходно, научниците го поврзувале Бисфенол А со хормонални пореметувања, проблеми со плодноста, како и проблеми со развојот на мозокот кај децата. Може да се пронајде во конзерви, одредени материјали и пластика, како онаа која често се користи за изработка на детски шишиња.
Оваа хемикалија се користи и за правење на хартија за банкомати, каси во продавници… па често завршува во рацете на купувачите.
Се уште не е познато колку Бисфенол А во урината доведува до проблем, но посебно треба да внимаваат оние кои секојдневно ракуваат со овие апарати.
Затоа се препорачува што помалку да земате изводи од сметки на банкоматите. Чувајте го здравјето!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.