Штрајкот со глад во Идризово-прекинат

Откако по средба со директорот добиле уверување за средба со Владата на која ќе ги претстават своите барања затворениците во затворот Идризово попладнево одлучија да го прекинат штрајкот со глад. Откажан е и за утре најавениот протест пред Владата на семејствата на затворениците.
Штрајкот со глад, затворениците го почнаа во понеделникот незадоволни што за 27-ми април политичарите подготвија амнестија за своите колеги. Штрајкот се одвиваше без поголеми проблеми, а од попладнево е прекинат поради најавена средба со премиерот и претставници на Владата.
Затворениците бараат амнестија и за нив како и за тие од 27-ми април, да се преиначат доживотните затворски казни во определени временски казни, ревизија на сите судски процеси за кои сметаат дека се монтирани и европско регулирање на статусот на затворениците од странство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.