Кај едно дете од второ одделение во основното училиште “Владо Тасевски“ во скопската населба Козле неофицијално е потврдено дека е откриена шуга, а постои сомневање дека се заразени и други деца. Родителите се вознемирени затоа што оваа зараза по втор пат годинава се појавува во училиштето.
На децата утрово им било соопштено дека треба да го напуштат училиштето и да си одат дома, затоа што во училиштето ќе се врши дезинфекција. Децата не прашале која е причината, си заминале, но кога им соопштиле на родителите, дел од нив стапиле во контакт со училиштето и ја дознале причината. Од неразјаснети причини, класните раководители на неколку одделенија ги вратиле децата на настава, но подоцна и тие се испратени дома.