Братот на славниот Михаел Шумахер, Ралф, јавно призна дека е геј.Тој во неделата на социјалните мрежи објави фотографија на која е со својот партнер Етјен, свртен од камерата, со зборовите: „Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер, со кој можеш да споделиш сè.” Инаку, Ралф беше во брак со Кора Шумахер, но парот се разведе во 2015 година по 14 години заедно.Според извештаите, парот е сè уште многу близок, Ралф го поддржал нејзиниот влез во реално шоу, а наводно Кора знаела за неговата сексуална ориентација, па дури и тоа било причина за разводот.Која е Кора Шумахер?Кора е актерка, модел, тркачки возач и телевизиска водителка. Таа е ќерка на сопственикот на бензинска пумпа Герд Бринкман. уште во 2004 година, на убедување на нејзиниот сопруг, таа влезе во светот на трките, едно време беше дури и најплатената жена тркач во светот.Таа и Ралф го добија синот Дејвид во 2001 година, кој исто така се занимава со трки.
Пронајдете не на следниве мрежи: