Ѓоковиќ во три сета го преслуша Бугаринот Димитров!

Новак Ѓоковиќ по три часа игра дојде до пласман во осминафиналето на „Австралија опен“, откако утринава со мали проблеми само во првиот сет го преслуша Бугаринот Григор Димитров со 7-6, 6-4, 6-4.

Србинот имаше проблеми само во првиот сет, во кој прво пропушти три сет топки во десеттиот гем, за два гема потоа самиот да спаси две сет топки за противникот. Победникот на овој дел од играта мораше да биде решен во тај-брејк, во кој по една неискористена сет топка од двете страни, популарниот Ноле конечно дојде до 9-7 и воведно водство во мечот.

Пронајдете не на следниве мрежи: