Новак Ѓоковиќ изненади многумина со пристигнувањето во Лондон по операцијата на коленото и опоравувањето од истата.Мислеа дека Ѓоковиќ нема да може да игра на Вимблдон, но се чини дека српскиот тенисер сака да се натпреварува на најголемиот турнир, доколку коленото му е во добра состојба.Новак веќе тренираше на тревната подлога на комплексот Вимблдон, а на социјалните мрежи се појавија интересни видеа.
🚨TEAM @DjokerNole in action at Wimby today ❣️ pic.twitter.com/kutjupzr0Q— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) June 23, 2024
На нив се гледа дека десното колено му е преврзано, но и дека одлично се забавува.
🚨👀 @DjokerNole delighting the Wimby crew today 🌱💜 pic.twitter.com/G28HqDM1qy— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) June 23, 2024
Српскиот тенисер во еден момент ги соблекол патиките и чорапите, а бил „фатен“ додека по којзнае кој пат го носел столбот што ја држи мрежата.Една од причините за доброто расположение може да биде фактот што Новак од понеделник е втор на АТП листата, откако Карлос Алкараз загуби бодови со неочекуван пораз во осминафиналето на Квинс.