Новак Ѓоковиќ денеска не успеа да дојде до 100. титула во кариерата откако беше поразен во финалето на мастерсот во Шангај од Јаник Синер со 2-0 во сетови (7-6, 6-3).
Српскиот тенисер денеска не беше на нивото на кое играше Италијанецот кој сосема заслужено дојде до трофејот во Кина.
По поразот Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи и имаше пофални зборови за противникот.
„Тешко е да се поднесе пораз на турнир кој ми е толку важен, но денес едноставно не беше судено. Браво за Јаник и неговиот тим за денешната победа и неверојатната година.Народе на Шангај, ви благодарам на поддршката, страста и љубезноста. Беше посебно да се вратам тука. Се гледаме наскоро, ви благодарам“, гласи пораката на Новак.
Ѓоковиќ на турнирот во Шангај играше по пауза од пет години.