Новак Ѓоковиќ по триумфот во полуфиналето на Шангај над Тејлор Фриц истакна дека имал цел да стигне до финалето.
Новак по натпреварот истакна дека мора што поскоро да се опорави пред финалето на турнирот.
– Имав разни проблеми, но успеав да се поправам. Фриц игра добро на оваа подлога, не сакав да одам во трет сет, драго ми е што завршив тука“, изјави Ѓоковиќ по триумфот.
Ривал на српскиот тенисер во финалето на мастерсот во Шангај ќе му биде Јаник Синер, кој го совлада Томаш Махач со 2:0 по сетови 6:4, 7:5.
„Дојдов во Шангај по пет години, каде секогаш имав многу успеси, многу титули, големи борби. Кина е местото каде што имав многу успеси, поддршката што ја добивам овде е феноменална… Дојдов со визија за пласман во финалето“, рече Ѓоковиќ.
Новак тогаш изјави дека вакви и слични натпревари се исцрпувачки, но даваат самодоверба.
„Се вртам кон следниот меч каде ме чека најдобриот во светот Јаник Синер… Ми се допаѓа да играм во Кина, имам голема поддршка овде и се надевам на најдоброто во финалето. – заврши Ѓоковиќ.
Финалето на турнирот во Шангај се игра в недела од 10:30 часот.