Ѓоковиќ: Можеби ова беше мој последен меч во Мадрид!

Новак Ѓоковиќ претрпе нов тежок удар во обидот да се врати во посакувана и препознатлива форма, бидејќи претрпе трет пораз во низа од тенисер кој е далеку послабо рангиран од него.
Србинот на трет голем Мастерс турнир оваа сезона претпре елиминација уште на првиот меч, а овојпат во улога на негов „џелат“ се покажа Матео Арналди кој го одигра најдобриот меч во својата кариера.
Италијанецот кој е 44-ти на АТП листата режираше ново непријатно изненадување за големиот грен-слем рекордер, кој по болната елиминација во Мадрид, изјави дека ова можеби за него беше последен настап во шпанската престолнина.
– Матео е многу добар и квалитетен играч и знаев дека не ме чека лесна работа. Ми беше позабавно на теренот од поразот во Монте Карло, но не ми се допадна нивото на кое играв. Очекував да одиграм барем еден меч повеќе од Монте Карло.
– Ова е нова реалност за мене, дојдов во ситуација да размислувам да добијам меч или два, нешто што е целосна спротивност од она што го правев 20 години наназад кога размислував само на финале. Ова за мене е голем психолошки предизвик и морам да се носам со тие емоции на теренот.
– Тоа е што е, ова најверојатно е кругот кој се врти во животот и во една тениска кариера. После ова, не знам дали ќе бидам во најдобра форма и на највисоко ниво на Ролан Гарос, но секако ќе дадам се од себе. Ова што ми се случува во последните 12 месеци не ми се случило никогаш претходно, но тоа е дел од професионалниот спорт. Ги прифаќам новите околности и се обидувам да го извлечам најдоброто од новата реалност. Ова можеби беше мојот последен турнир во Мадрид, не сум сигурен дали некогаш повторно ќе играм овде. Ќе се вратам, но можеби не како играч, – изјави Србинот.
The post Ѓоковиќ: Можеби ова беше мој последен меч во Мадрид! appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: