Ѓоковиќ нема да игра во Мајами



Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на АТП Мастерсот во Мајами кој е закажан од 20-ти до 31-ви март, тврди порталот Sport klub.

Ѓоковиќ одлучил да се откаже од својот втор мастерс на тврд терен во Соединетите држави. Неколку дена претходно беше елиминиран од Италијанецот Лука Нарди во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс, по што ја навести можноста да не настапи во Мајами.

Ѓоковиќ е шесткратен победник на Мастерсот во Мајами, иако на тој турнир нема настап од 2019 година. По повлекувањето од Мајами, Србинот дел од сезоната се подготвува на земја, а следен турнир на распоредот треба да биде Монте Карло кој започнува на 7-ми април.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: