Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Пред турнирот, Србинот даде интервју за „Спортклуб“ во кое се осврна на она што го чека во Лондон.

„Повторно тука е навистина неверојатно. Вимблдон ми значи многу и сигурно не сум единствениот тенисер кој чувствува посебна врска со овој турнир. Пораснав во Србија сонувајќи да го освојам ова престижно натпреварување“, рече Ѓоковиќ, а потоа се осврна и на сопствените очекувања:

„Ова е најдобрата можност за мене да го освојам грен слем оваа година. Мотивиран сум и добро се подготвив. Се надевам на најдоброто. Турнирот е долг, но ако имам шанса некаде – таа е тука“, заклучи Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ моментално е шестиот играч во светот. Неговата прва пречка на овогодинешниот турнир ќе биде 40-тиот играч во светот, Французинот Александар Милер, а мечот е закажан за 1 јули.

Пронајдете не на следниве мрежи: