Еден од најголемите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, не успеа да ја освои својата 100. титула во кариерата, откако загуби во финалето на АТП турнирот во Мајами. Во текот на турнирот, српскиот шампион се истакна со својата извонредна игра и изгледаше како да е на пат да стигне до нов историски успех. Меѓутоа, на финалниот натпревар, тој се соочи со Јакуб Меншик од Чешка, кој приреди вистинска сензација со освојувањето на трофејот.
Меншик се покажа како најголема сензација на турнирот, благодарение на својот извонреден настап што го донесе до финале и, на крајот, ја обезбеди најголемата победа во својата досегашна кариера против Ѓоковиќ. По триумфот, Меншик беше совладан од емоции, а реакцијата на Ѓоковиќ покажа колкава големина има како личност. Без размислување, тој ја премина мрежата за лично да му честита на чешкиот тенисер за успехот, потег кој ги трогна сите присутни.
The post Ѓоковиќ поразен во финалето во Мајами appeared first on 365.mk.