Ова е епилогот по денешните две полуфиналиња во кои Јапонецот Нишикора го предаде мечот на Корда при водство на Американецот со 1:0 во сетови, додека Ѓоковиќ го победи Русинот Данил Медведев со 6:3 и 6:4.
Финалето е закажано за утре во 8:30 часот.
Наградниот фонд на турнирот во Аделаида изнесува 643 илјади долари.