Новак Ѓоковиќ го освои Австралијан опен по десетти пат во кариерата, откако во финалето славеше со 3-0 во сетови против Стефанос Циципас.
Ѓоковиќ со триумфот над Циципас ќе добие 2.000 бодови на АТП-листата, а тоа ќе го вратат на врвот бидејќи ќе го надмине Карлос Алкараз.
Србинот ќе има 7.070 бодови на најновата ранг-листа, односно 340 бода повеќе од Алкараз, додека трет ќе биде Циципас со 6.195 поени.