Ѓоковиќ се огласи после поразот: Апсолутно заслужено!

Американскиот тенисер Рајли Опелка го совлада Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн со резултат 7:6, 6:3.

Сега Србинот се огласи и истакна дека заслужено загубил.
Освојувачот на 24 Грен слем титули ја искористи можноста да се огласи на социјалните мрежи и да му честита на противникот за победата и пласманот во полуфиналето.

„Неверојатен тенис, Рајли. Апсолутно заслужено. Со среќа“, напиша Ѓоковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: