Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Токио многу полесно отколку што се очекуваше. Ѓоковиќ до титулата во престолнината на Јапонија стигна со победата во финалето над Австралиецот Џон Милман со резултат 2:0 (6:3, 6:2).
Популарниот Ноле силно го почна мечот, па веќе од втор обид направи „брејк“ за убедливи 4-1, кои потоа искусно ги претвори во 6-3 за освојување на првиот сет. Во вториот тој беше поимпресивен бидејќи со два „брејка“ дојде до 4-0, што веќе беше знак за крај на сите надежи за противникот.
Ова на Ѓоковиќ му е прв трофеј уште од Вимблдон, а 76-ти вкупно во сингл конкуренција. Турнирот во Токио, од серијата 500, се играше за награден фонд од 1.895.290 долари.
До трофејот во јапонската престолнина Ѓоковиќ дојде без загубен сет, откако со 2-0 ги преслуша и сите претходни ривали – Попирин, Соеда, Пулие и Гофин. Триумфот во Токио му донесе заработка од 391.430 долари и 500 бодови на АТП-листата, на која утре ќе ја почне 272-та недела како најдобар во светот.