Големиот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, одамна не крие дека за тајната на неговиот успех, покрај напорниот тренинг, е и неговата специјална исхрана.
Притоа, тој открива дека секое утро неговото семејство го започнува денот на следниот начин:
“Прво приготвувам топла вода со лимон и лимета, некои минерали, па потоа одам до својата омилена кутија во фрижидерот, онаа со целерот.
Потоа целерот го ставам во соковник, најдобрата работа за рано наутро и празен стомак – тоа е сок од целер” – открива Ноле.
Новак ги советува луѓето задолжително да ги следат советите на прочуениот доктор Ентони Вилијам.
“Следете го овој доктор – вели тој. Од него ги црпам информациите. Сите овие минерали и соли го чистат вашиот црн дроб. За мене прави чудо, за мојата жена, за децата и за сите од нашето опкружување.
Децата не можат да го пијат чистиот сок од целер, па добиваат и краставица. Најдобрата работа за наутро е чистиот сок од целер”, тврди Ѓоковиќ.
Сокот од целер овие денови стана хит и на Инстаграм. Но, за разлика од многуте трендови кои се појавуваат на социјалните мрежи, овој навистина има некаков смисол.
Сокот од целер навистина е многу здрав и добро е да се пие наместо кафе. Тој го хидрира организмот, ја намалува подуеноста, полн е со антиоксиданти, одличен извор на магнезиум и содржи многу малку шеќер.
Како се прави сок од целер?
Многу едноставно! Измијте го, исечкајте го, изблендирајте го и процедете го…
Вкусот е…па, онаков каков што очекувате да биде. Релативно сладок, соленкаст, со доза на горчина, помалку со вкус на “земја”. Но, тоа можете да го ублажите ако му додадете малку вода. Сепак, имајте во предвид дека ако целерот го консумирате исклучиво како сок, тогаш ги губите драгоцените влакна, па така, добро е оваа намирница и повремено да ја грицкате како закуска.