недела, 29 ноември 2026
Најново

Ѓорге Иванов: Чесен влегов во политиката, чесен и ќе излезам

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со соопштение во врска со поведување постапка за проверка на имотната состојба на претседателот вчера излегоа од Кабинетот на Ѓорге Иванов.
– Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија, онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов, стои во ставот.

Поврзани вести