Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во судот денеска на прашања одговараше таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Кога Љупчо Палевски – Палчо требаше да поставува прашања кон Александар Ѓорчевски, таткото на Вања не сакаше да одговори на прашањето.

Ѓорчевски единствено даде одговор на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство.

„Јас како што реков, не ве знам ниту познавам, првпат ми бевте посочен во полициската станица како монструм. Првпат ве видов тука во судница, никогаш сум немал конктат со вас, ниту пак познавам од втора рака човек кој ве познава, вклучувајќи го и моето семејство и ако постои такво право, би сакал повеќе да не одговарам на ваши прашања, секој мој нареден одговор ќе биде ист“, рече тој.

Судот одлучи испрашувањето да продолжи, а Александар на второто прашање одговори со „немам коментар“.

Палевски потоа рече дека ќе престане да поставува прашања затоа што Ѓорчевски е вознемирен, бранителот на Александар посочи дека може слободно да продолжи.

– Бидејќи обвинетиот Александар Ѓорчевски е возбуден ќе престанам со прашањата. Се работи за човечки однос. Завршено е со мене. Не сакам да поставувам прашање кога го вознемирувам човекот за кој сметам дека е неправедно осуден, рече Палевски.

Потоа постои прашања во насока на тоа зошто ниту во обвинението, ниту во прашањата од обвинителството не се споменува час на испратени пораки.

Палчо: Во колку часот  сте пратиле порака на децата да се облечат заради ниските температури, затоа што намерно, во текот на целата истрага, не се користи часовник, туку само денови општо, а многу е важно заради изјавите кои ги давале другите обвинети, а се единствени причини вие да бидете обвинет, затоа сметав дека е важен часот затоа што сте неправедно обвинет“.

Ѓорчевски: Немам коментар.

Останатите обвинети и одбраната, како и Судот, немаа прашања за Ѓорчевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: