Ѓорчевски: „ЦИТРОЕНОТ“ ВОЗЕЛ КАКО ИЗГУБЕН

Ги прегледувавме снимките од многу порано, но фокусот беше на тие 4 до 5 минути. Во зависност од тоа како ќе го пуштеа семафорот на Илинденска поминуваа во налет по 4 до 5 возила. Сомнително кај „цитроенот“ беше што се движеше бавно во споредба со другите возила, исфрлаше густ чад од ауспухот, што навестуваше дека е тазе запалено возилото. Целото беше замаглено и хаубата му беше замрзната. Делуваше како да тргнало од непосредна локација тука некаде од кај зградата – објасни Ѓорчевски.
„Цитроенот“ возел полека, како изгубен и без крајна дестинација за разлика од другите возила кои во критичниот период на 27 ноември 2023 година вртеле од Илинденска кон Наум Наумовски Борче, рече Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, кој денеска одговараше на прашања на судијата Ивица Стефановски.
Кога дојде Гоце, кога почнавте да ги собирате снимките? – праша судијата.
– Гоце дојде во вторникот. Во понеделникот не ми даваа снимки, а во вторникот почнавме да ги собираме снимките, кои ги префрлавме на мобилен и ги гледавме дома на монитор со поголема резолуција. Во вторникот зедов снимки од фризерницата спроти влезот. Во средата јас обезбедив снимка од раскрсницата на Наум Наумовски Борче и Орце Николов, од кафулето „Синдикат“. Забележав дека камерата гледа кон улицата каде што би требало Вања да помине. Газдата без двоумење ми ги прати снимките. Зорица обезбеди снимки од седиштето на Окта на Партизанска, а јас отидов на стикче да ги земам снимките. Во вибер групата со родители добив снимки од штедилницата „Папилин“ која е на Партизанска. Толку, од тие 4 места обезбедив снимки, од фризерницата, од кафулето, од Окта и од штедилницата – рече Ѓорчевски.
Тој рече дека веднаш забележале дека кај „Фитнес хаус“ ѝ го снемува сигналот, а таа дотаму не би можела толку брзо да стаса пешки.
Како утврдивте од толку возила кои поминуваат дека токму „цитроенот“ е сомнителен – праша судијата?
Повеќе тука
The post Ѓорчевски: „ЦИТРОЕНОТ“ ВОЗЕЛ КАКО ИЗГУБЕН appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: