Деновиве шпартаат на терен, се појавуваат насекаде во очајнички обид да го мотивираат членството да се ажурира. Ние мислевме дека 30-40 проценти и покрај се ќе се ажурираат, но се прелажавме. Досега се ажурирани помалку од 5 проценти. А во некои комитети и под 3 проценти, вели нашиот добро упатен извор.
Мицковски или не знае или не му чини да знае дека Ѓорчев е испукана муштикла и нема никакво влијание на истокот од државата. Некогаш беше икона за нив. Во меѓувреме ги заборави, ги остави на цедило, пушти корења во парламентот, го бранеше Заев и сега му текна со „лажни партиотски флоскули“ да се обраќа пред десеткуваните штабови – продолжува нашиот извор. А оној другиот на времето кодошел за парички во ДБК, за што има и документи и афера која е наречена ГЛУМЕЦ. Ама за негова среќа му е бизнис партнер на Мицковски во хидроцентралите и затоа „топ не го бие“.
Ама членството не само што не се ажурира, туку е се по незадоволно и понервозно од оваа опортунистичка и предавничка политика на претходно споменатите ликови.
Во Парламетот се менува името, идентитетот, историјата, јазикот, нашата посебност а господава им текнало за „некакви црнила“. Не смеат да бекнат за оваа „операција“ која се случува на очиглед на сите во државата… – вели нашиот добро упатен извор во внатрепартиските работи.
Па затоа на сите страни информираат дека ни под разно нема да се ажурираат. Дури и да дојде Свети Влатко и Свети Мицко…
Бонус, наш избор на темава од она што го има по социјалните мрежи кои што вријат секојдневно.