Ѓорческа обезбеди четвртфинале во Талин

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска славеше против Андреа Лазаро Гарсија со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2, па така обезбеди четвртфинале на турнирот во Талин, Естонија.

Третата носителка на турнирот тргна фуриозно во првиот сет, кој ѝ припадна со 6-3, а во вториот беше уште подобра за да ја реши противничката од Шпанија.

Ѓорческа утре во четвтфинале ќе се соочи против Италијанката Дебора Кјеза.

Пронајдете не на следниве мрежи: