Ѓорческа ќе игра финале во Талин!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра финале на фјучерсот во Талин (Естонија), откако во два сета денеска ја збриша турската тенисерка Зејнеп Сомнез во два сета со 6-3, 6-2.

Ѓорческа со само еден загубен сет и три добиени меча во два сета дојде во финалето каде за трофеј ќе се бори против Белгијката Јанина Викмаер, која во два сета денеска во второто полуфинале со 6-4, 6-1 ја победи втората турска тенисерка Ченгиз.

Македонската тенисерка немаше преголем проблем за да победи денеска и сега ќе има шанса против 322-та тенисерка перфетно да ја отвори годината со прв трофеј на турнирот со награден фонд од 30.000 долари.

Ѓорческа е 235-та тенисерка на ВТА, а со финалето сега се очекува дополнително да напредува на ранг-листата.

Пронајдете не на следниве мрежи: