Ѓорѓевски: Стратешката цел на томосот СПЦ беше да се парализира процесот на нашата автокефалност

Македонската православна црква ќе биде ќе биде соочена со одлука дали ќе избере страна во војната помеѓу Москва и Цариград, предупреди новинарот Бранко Ѓорѓевски во вечерашната Топ Тема на Телма. Може да се претпостави дека токму од тие причини беше даден томосот од СПЦ, за потоа процесот да заглави кај посебните признавања од страна на останатите православни цркви.

-Според мене тоа беше и стратешка цел на томосот, да се парализира процесот на нашата автокефалност. Имате и една друга ситуација во која што српската и руската црква бараат свои сојузници во онаа војна што ја имаат со вселенската патријаршија за тоа каде треба да биде третиот рим и очигледно се бараат нови сојузници. Сега пред нашата црква ќе биде една дилема дали ќе се вклучиме во тој блок контра цариград или ќе останеме на нашата позиција. Еден од нашите владици убаво кажа дека ние треба да бидеме мост меѓу Москва и Цариград, но според ова што се случува како да останавме најдалеку, рече Ѓорѓевски.

Тој потсети на следот на настаните кои доведоа до издавањето на томосот, почнувајќи од нашето барање Вселенската патријаршија да посредува во преговорите со СПЦ, и откако станало јасно дека Цариград има намера да прифати, следеше експресното издавање на томосот.

-Сега што предизвикува тој Томос? Предизвикува еден очигледен застој каде нас нѐ признаваат неколку цркви, кои што имаат интерес за тоа, а истовремено се случува една блокада во однос на вселенската патријаршија, која што треба да го издаде најважниот Томос. Блокадата се случува затоа што се бара промена на нашето уставно име, се бара да ги отстапиме епархиите во дијаспората, се бара признавање на украинската православна црква, а истовремено нас ни се дава Томос за автокефалност со нашето уставно име кое што го доживуваме како подарок од него, со кој нашето најважно прашање се решава. Но, очигледно не го решава, сега имаме блокада, немаме развој на преговорите со вселенската патријаршија, еве година дена ништо не се случува. Значи таа намера за која укажувавме дека постои скриена опасност дека ќе ни за запрат преговорите околу томосот, тоа се случи, рече Ѓорѓевски.

Поранешниот директор на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, смета дека една од причините за закочувањето на процесот може да се бара и во разединетоста на православните цркви.

-Начинот на кој што се доаѓа до полно признавање од целокупната православна екумена е нешто што во од се решава. Но, знаеме дека на ниво на православие, на православна екумена, нема едномислие како се постигнува целокупно признавање. И во отсуство на одлука на сеправославен собор, кој што не може да се одржи поради длабока политизираност и подложност на политички влијанија внатре во православието, за жал казнети сме како православни да бидеме поделени поради нашето неумеење да се носиме со таквите влијанија и притисоци. Денес различни цркви се во судир поради едно прашање, кое што доколку има собор, и волја пред сѐ, лесно би било надминато, рече Сотировски.

Пронајдете не на следниве мрежи: