Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град Скопје!

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град Скопје! – објави на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

– Секој денар од граѓаните мора да има јасна цел, а секое вработување вистинска потреба и конкретна работа.

Скопјани заслужуваат јавен сектор кој ќе ја оправда нивната доверба со чисти улици, уредени паркови, редовен превоз и навремени услуги.

Денес, на седницата на Советот на Град Скопје, е донесена одлука со која ставаме крај на децениските лоши практики на неконтролирано натрупување на администрацијата и дополнително оптоварување на градскиот буџет.

За првпат досега, во сите јавни претпријатија и установи се предвидуваат помалку нови вработувања.

Истовремено, вкупниот број вработени, особено во јавните претпријатија, се намалува по законски основи.

Ова е реална оптимизација, со цел поефикасно работење и поодговорно управување со парите на скопјани.

Приоритет имаат луѓето што секојдневно ги обезбедуваат услугите од кои зависи градот – возачи во ЈСП, работници и возачи во ЈП „Комунална хигиена“ и оперативен кадар таму каде што навистина недостига.

Најголемиот дел од предвидените нови вработувања се за луѓе кои ќе работат на терен и директно ќе им служат на граѓаните, додека административните позиции се сведени на минимум.

Потребите на улиците, парковите и јавниот превоз конечно го добиваат приоритетот што го заслужуваат.

Почитувани, со ова историско преструктуирање ги насочуваме средствата и кадарот таму каде што се најпотребни за функционирањето на Скопје.

Го штитиме буџетот и создаваме услови за подобри услуги.

Времето на пренатрупување на администрацијата и оптоварување на граѓаните го оставаме зад нас.

Воведуваме ред, одговорност и работа што се гледа.

Скопјани заслужуваат функционален град.

Секое работно место мора да придонесува за тоа, а секој потрошен денар да биде оправдан пред граѓаните! – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: