четврток, 26 ноември 2026
Најново

Ѓорѓиевски за неколку дена избркал од работа 500 луѓе: „Не оделе на работа со месеци“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје, истакна вчера во гостување во Сител градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

– Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност!

Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран.

Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам. – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Поврзани вести