Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави фотографија со премиерот Мицкоски и напиша дека Скопје, со одлука на Владата, ќе добие 100 нови автобуси.
– За неполни три месеци од преземањето на функцијата, започнавме процеси што долго биле закочени, до крајот на годинава пристигнуваат новите возила за Комунална хигиена, а набавката на нови автобуси ќе започне.
Ве уверувам, пред нас се тектонски промени на подобро.
Скопје повторно ќе стане град со кој се гордееме, град со достоинство, ред и визија. – напиша Ѓорѓиевски и му се заблагодари на премеирот Мицкоски.
Во продолжение неговата објава.



