Ѓубре на сите страни: Јавноста згрозена од фотографија на Марко и Луна во тоалет

Снимките од Белата куќа во која се наоѓаат учесниците во „Задруга“ покажуваат дека задругарите не водат многу грижа за хигиената.
На сите страни има ѓубре, а ситуацијата не е подобра ни во тоалетот.
Отпадоци, амбалажи и разно ѓубре се расфрлани на подот, а ѓубрето се истура од корпите.
За тоа сведочи и една фотографија која беше објавена на една Фејсбук група. На фотографијата се Луна и Марко кои се наоѓаат во неред во тоалетот.
Ваквата глетка предизвика лавина од негативни коментари кај фановите.
„Боже Господ, каде се поминува младоста“ стои во описот на објавата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.