Ѓукановиќ: Проектот Отворен Балкан треба да заврши со исчезнување на БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија

Мило Ѓукановиќ чија партија дава малцинска поддршка за црногорската влада откако падна од власт по 30 години, го оспорува проектот Отворен Блакан кој пак е поддржан од црногорскиот премиер Абазовиќ, објави Ал Џезеира Балкан.

Ѓукановиќ: Проектот Отворен Балкан треба да заврши со исчезнување на БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија

Според него Отворен Балкан е алтернатива за членството на регионот во ЕУ.

,,Да, многу е контроверзно. Станува збор за алтернативно сценарио за иднината на Западен Балкан надвор од ЕУ. Што не ни треба. Ни треба членство во ЕУ. Тие што не го гледаат нашиот регион во Европа, не гледаат мултиетничка демократија ниту на Балканот. Им се допаѓа идејата за промени на границите, етничка и верска хомогенизација во рамките на проширените држави. Како и обично, сè почнува традиционално од српска страна, овој пат „српскиот свет“. И продолжува, автоматски, со истите големи државни лудории.

Ѓукановиќ одговара директно на прашањето на црногорските медиуми: Знаеме ли како завршува (ОТВОРЕН БАЛКАН)?

,,Секако дека знам. Треба да заврши со исчезнувањето на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Но, сигурно е дека би завршило со војна и уште неколку геноциди”, смета искусниот политичар.

Тој за триесет години за западот прво беше диктатор и криминалец, потоа стана партнер кога Црна Гора влезе во НАТО и покрај силното руско влијание а сега се противи на проектот кој е поддржан од Вашингтон и Брисел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.