Најгледаната шоу програма од многумина не само во Србија туку и пошироко вчера ги започна новите снимања, а истовремено ги потврди и долго најавуваните промени. Членовите на жири-комисијата, за разлика од претходно нема да седат одделени еден од друг.
Ново е и тоа што од жирито си замина Аца Лукас, а покрај Ана Бекута, Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ и Драган Стојковиќ- Босанац потенцијалните пејачки ѕвезди ќе ги оценува и популарниот рокер Ѓорѓе Давид.
Дека промените ќе донесат и поголем квалитет освен директорот на “Гранд“, Саша Поповиќ очекуваат и членовите на жирито, но најмногу публиката.