Ѕвончето на Клиниката за детски болести уште еднаш силно заѕвони. Ова е сигналот дека малиот херој Ефнан ја победи тешката болест и ќе може да си оди дома.
Ѕвончето на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје е длабок емотивен симбол кој го означува крајот на лекувањето и успешната победа на децата над тешките болести, најчесто малигните заболувања.Ова „победничко ѕвонче“ се наоѓа на онколошкото одделение во клиниката.
Секогаш кога некое дете ќе ја добие битката со тешката болест, како што се ракот или леукемијата и е подготвено да си оди дома здраво, тоа силно заѕвонува на ѕвончето.



