Ѕирнете во новата јахта на Џеки Чен

Кинеското бродоградилиште Џинлонг ја лансирало својата најнова суперјахта, која оттаму ја нарачал никој друг туку актерот Џеки Чен.
Ултра-луксузниот брод со должина од 46,5 метри бил нарачан пред две години. Холандската „Yacht Design & Naval Architecture“ компанија, добила задача да се позанимава со целокупниот екстериер, како и ентериерот на Jinlong 4601. Mulder Design претходно работеле на модели на брендови како што се Sunrise, Baglietto, Heesen и Benetti.


Јахтата која во целост е дизајнирана од алуминиум, поседува аеродинамичен, но истовремено и класичен дизајн кој е финиширан со монохроматска бела боја, а како контраст има и црна боја. Називот “JinLong“ е испишан на предниот дел во златни тонови.
Луксузниот мотор го движат twin MTU 16V 2000 M84 дизел мотори, кои му даваат максимална брзина од 21 чвор.
Ова инаку не е прва јахта која славниот актер ја поседува, бидејќи пред две години купил луксузен брод од кинеското бродоградилиште „Ruiying Yachts“, кој е полн со врвни погодности. Повеќе детали за новиот брод на Џеки Чен допрва ќе се откриваат, откако тој ќе ги помине сите морски проби

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.