Ѕирнете во новогодишната магија на Москва

Во светските метрополи овие денови и покрај пандемијата блеска сè, но во Москва тоа е нешто поинакво. Таму сè е некако поинаку, а новогодишната идила не може да ве остави рамнодушни.
Имено, во огромниот трговски центарт ЦУМ во Москва поставена е 12 метри висока елка, уште погламурозна од онаа во Италија.
Кристалните украси во златна и бела боја се навистина магични, а и остатокот од градот ја следи естетиката на блескавост.

Луѓе минуваат покрај огромни светлосни скулптури инсталирани како дел од новогодишните и божиќните декорации во Москва, Русија.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека нема да има големи новогодишни прослави во главниот град поради пандемијата, но тоа не значи дека жителите на Москва не треба да го почувствуваат новогодишниот дух.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.