Јаболко, моќно овошје за силен имунитет

Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото.Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секој залак што ќе го изедете.Јаболката го помагаат варењето на храната и го зајакнуваат имунитетот. Помагаат и во регулирањето на шеќерот во крвта.Консумирањето на јаболка може да го намали ризикот од појава на астма и рак на белите дробови. Истражувањата покажале дека кај децата чии мајки редовно јаделе јаболка во текот на бременоста, ризикот од појава на астма значително се намалува.Јаболката го намалуваат нивото на лошиот холестерол (LDL), а исто така и ризикот од појава на запушени артерии и висок крвен притисок. Помагаат во превенцијата од срцеви болести и атеросклероза.

Пронајдете не на следниве мрежи: