Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, најави дека општината објави јавен повик за финансиска поддршка на иницијативата „Прослава на животот на Горан Стефановски“. Настанот ќе се одржи на 27 април 2025, во чест на роденденот на еден од највлијателните македонски драматурзи. Според Герасимовски, Горан Стефановски е еден од нашите значајни културни творци и имаме должност да го сочуваме неговиот творечки опус, особено за идните генерации. Овој проект има особено значење за Општина Центар, но и за македонската култура, бидејќи преку манифестацијата „Горан е тука!“, ние истакнуваме дека луѓе кои оставиле траен белег никогаш не исчезнуваат, туку постојано имаат присуство преку своите дела. Секоја година од 2019 наваму, роденденот на Горан Стефановски се одбележува, па и оваа година ќе се посвети внимание на културната икона која потекнува од нашата општина, од Дебар Маало“, изјави Герасимовски. Проектите што добиваат поддршка со овој повик ќе бидат дел од Годишната културна програма на Општина Центар за 2025, а вкупниот износ за финансиска помош изнесува 300.000 денари. Учеството е отворено за сите здруженија, организации и правни субјекти со седиште во Општина Центар, кои работат во културната област најмалку една година. Крајниот рок за аплицирање е 5 дена по датумот на објавување на јавниот оглас (26.03.2025) на веб-страницата на Општина Центар. Заинтересираните можат да ги достават своите апликации и документи преку пошта или лично во архивата на Општина Центар-Скопје. Формуларот за финансиска поддршка може да се најде на веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24774.
The post Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: