Јавните згради во Македонија ќе се реновираат, издвоени се 11 милиони евра

Во наредниот период ќе бидат реконструирани 14 јавни згради, во кои се сместени 33 институции и ги користат повеќе од 5.000 луѓе, објави Министерството за енергетика, рудници и минерални ресурси.

Тие нагласуваат дека го финализирале Планот за реконструкција на згради што ги користат лица од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 година, документ што поставува јасна тригодишна рамка за најобемното енергетско реновирање на институциите во земјата досега. Планот веќе е одобрен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции.

„Овој стратешки документ произлегува од реформската агенда и законската обврска за реконструкција на најмалку 3 проценти од вкупната корисна површина на јавните згради секоја година. Покрај тоа, мерките за енергетска ефикасност се задолжителен дел од секоја реконструкција.“

Програмата вклучува 14 јавни згради со вкупна корисна површина од 102.992 м², во кои се сместени 33 институции и кои секојдневно ги користат повеќе од 5.000 луѓе. Целта е: намалување на трошоците за енергија, подобрување на условите за работа, намалување на емисиите и модернизиран јавен сектор во согласност со европските стандарди“, се наведува во соопштението за јавноста на Министерството за енергетика.

Објектите што ќе се реконструираат според планот се групирани според нивната состојба и итноста на интервенцијата.
The post Јавните згради во Македонија ќе се реновираат, издвоени се 11 милиони евра appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: