По кривичната пријава од полицијата,Јавното обвинителство отвори предмет за насилството на советникот од ДУИ во Охрид Нефи Усеини и неговиот брат кои завчера со пиштоли пред охридски хотел го претепале охриѓанецот Спирко Топалоски.
На двајцата им е одреден осумдневен притвор, но и двајцата се недостапни на полицијата и се трага по нив.
Завчера полицијата извршила престрес во нивните домовите и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.
Спирко Топалоски во изјава за медиумите рече дека физичката пресметка со Усеини се случила пред очите на неговиот малолетен син и дека во инцидентот бил изваден и пиштол. Тој тврди дека се се случило поради недоразбирање помеѓу него и бизнисменот Зоре Темелкоски, инаку соседи во населбата Рача, околу водоводната мрежа.
Нефи Усеини, исто така во изјава за медиумите, демантира дека употребил пиштол во тепачката со кој според пријавата го удирал оштетениот.Тој тврди дека во критичниот момент воопшто не носел пиштол и оти на Топалоски му удрил неколку тупаници затоа што го навредувал.
Бизнисменот Зоре Темелкоски, пак, претходно јавно се огради од инцидентот тврдејќи дека тој лично нема никаква поврзаност со немилиот настан.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.