ЈАВНО ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА 138 ЛИЦА НА КОИ НЕ МОЖЕШЕ ДА ИМ БИДАТ ДОСТАВЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА

ЈАВНО ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА 138 ЛИЦА НА КОИ НЕ МОЖЕШЕ ДА ИМ БИДАТ ДОСТАВЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска го објави долгонајавуваниот список со имиња на лицата на кои не можеа да им бидат доставени решенијата за самоизолација, било поради недостапност поради давање лажни адреси и податоци, или од други причини.

Како што информираа од ДСЗИ изминативе денови, првично се работеше за 450 недоставени решенија, но во меѓувреме, по најавата дека јавно ќе бидат именувани, многу од граѓаните сами се јавиле на инспекторите.

Така, на денес објавениот список во печатените медуми (како што наложуваат законите), се наоѓаат вкупно 138 имиња на македонски државјани кои се сметаат за потенцијални преносители на вирусот бидејќи имале контакт со заболен. Најголемиот дел од нив (104) се од Скопје и околината на Скопје, а 28 се од Штип, но има и такви на кои не им се знае адресата, па во списокот покрај нивното име стојат прашалници (???).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.