Македонија можно е да биде комплетна за натпреварот против Аргентина (18ч), бидејќи повредата на Томислав Јагуриноски од првото коло, против Норвешка, не се покажа сериозна.
Новиот десен бек на Вардар одигра неполно полувреме, кога го повреди скочниот зглоб и беше изнесен на раце. Го пропушти дуелот со Холандија, но остана тука во Краков и покрај тоа што од Скопје стигна негова замена, во Давид Савревски.
Пред вчерашниот тренинг, селекторот Кире Лазаров даде изјава со која отвори можност неговиот директен наследник на теренот да се врати.
„Се надевам дека ќе бидеме комплетни. Доколку има шанса Томи Јагуриновски ќе биде на располагање, но не сме се уште сигурни“, истакна Лазаров.