Една од најубавите жени на светот, актерката и пејачка Џенифер Лопез, неодамна објави фотографија на социјалните мрежи и искоментира:
Се чувствувам како суперхерој. Никогаш не сум била во подобра форма во мојот живот!“
Очигледно пејачката редовно вежба, но цврстото тело на Лопез не се должи само на тренинзите. Таа следи и специјална диета.
Еве која е таа:
Појадок:
Џеј Ло го започнува својот ден со протеински шејк од својот сопствен фитнес бренд. Го снабдува своето тело со 90 килокалории, содржи протеини, влакна, јаглени хидрати, витамини и минерали. Оваа комбинација и дава енергија на пејачката и го движи метаболизмот. Пијалокот Лопез го меша со вода или млеко од киноа.
Таа не се лишува од чашата кафе, но без кофеин.
Во текот на викендот работите се менуваат. Џен и нејзините деца прават гала појадок со палачинки, овошје и лосос.
Ручек:
За ручек, Лопез јаде лосос со голема порција од зеленчук. Ова јадење ја заситува и е многу корисно. Лососот е одличен извор на висококвалитетни протеини и корисни масти кои го раздвижуваат метаболизмот.
Џенифер претпочита брокула, пиперки и тиквички со капка маслиново масло за подобра апсорпција на витамините.Вечера:
Актерката се обидува да јаде со нејзините близнаци Ема и Макс секогаш кога е можно. На трпезата обично се наоѓа киноа и месо – обично свинско месо или пилешко месо, според рецепт од Порторико.