Јадете на сопствена одговорност: Пред да го пробате овој оброк, ќе мора да потпишете еден документ

Еден од омилените ланци за брза храна во Велика Британија го претстави своето ново јадење кое е наменето само за најхрабрите. Но, пред да го пробате, ќе мора да потпишете законски документ во кој се наведува дека производот го јадете на сопствена одговорност.


Ланецот за брза храна “Millers Fish and Chips” во северен Јоркшир претстави нов оброк во своето мени: лута риба во тесто од десет зачини. Иако таткото и синот, Ник и Дејвид, се веќе четвртата генерација која го води овој ресторан, тие не останале мирни додека не го тестирале новиот кулинарски правец.

“Постојано се трудиме да бидеме креативни, да истражуваме нови идеи за кои ќе се зборува. Без оглед на нашите експерименти, ние и понатаму промовираме морска храна без оглед на начинот на којa ја припремаме”, изјавил Ник за “Lonely Planet”.


Во новиот оброк наречен “Fire Eater Fish & Chips” се наоѓа чили зачин и најлутите делови од сушени пиперчиња. Но, пред да почнат со јадење, консументите мора да потпишат документ во кој се одрекуваат од тужба против семејството Милер во случај нешто да тргне на лошо.
Оброкот изнесува 6,5 фунти, а досега немало замерки за истиот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.