Јадете по 10 јагоди секој ден и ќе бидете изненадени од резултатите: Го јакнат имунитетот, срцето, мозокот, помагаат при слабеење…

Едно од најомилените овошја, јагодите, освен што имаат бројни здравствени придобивки се и спас за оние кои внимаваат на линијата.
Нутриционистите ги нарекуваат вистинска нискокалорична суперхрана за слабеење бидејќи 100 грама од овие бобинки содржат само 32 калории, а благодарение на нискиот гликемиски индекс, тие се погодни дури и за дијабетичари.
Освен тоа, благодарение на влакната како пектин и целулоза, јагодите прават побрзо да се чувствуваме сити и ја подобруваат дигестијата. Особено се богати со витамин Ц и фолна киселина, како и калиум, железо и цинк.
Ова се 7 здравствени придобивки од јагодите:
Го зајакнуваат имунитетот – високата содржина на витамин Ц во јагодите ја надминува дури онаа во портокалите и лимоните. Една порција јагоди од 200 грама (отприлика 10 плодови) ги покрива нашите дневни потреби за витамин Ц.
За силни коски и мускули – јагодите се полни со миниерали. Тие содржат калциум, калиум, цинк и железо кои заедно ги зајакнуваат коските, забите и мускулите.
Моќни антиоксиданси – јагодите содржат бројни антиоксиданси кои го штитат телото од болести. Истражувањата покажуваат дека ова овошје го инхибира развојот на болести како дијабетес, висок крвен притисок и дебелина.


Одлични се за срцето – полифенолите и флавоноидите во јагодите штитат од кардиоваскуларни болести, ги убиваат вирусите и имаат антивоспалително дејство.
Го подобруваат здравјето на мозокот – истражувачите откриваат дека, благодарение на флавоноидите, јагодите ги подобруваат когнитивните перформанси и со тоа го забавуваат процесот на ментално стареење.
Спречуваат опаѓање на косата – фолната киселина, витаминот Б5 и Б6 и елагинската киселина го спречуваат опаѓањето на косата. Покрај тоа, минералите како бакар и магнезиум помагаат во спречување на првут и габични заболувања на кожата на главата.
Го подобруваат метаболизмот – јагодите содржат изобилство од витамин Б и фолна киселина кои се неопходни за брз метаболизам и раст на клетките. Ретко кое овошје содржи толкава количина на витамин Б како јагодите, а 100 грама овошје содржат 43 микрограми фолати – повеќе од една осмина од дневната вредност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.